Режим на броеви. За да смените од режим на броеви во режим на букви,
притиснете и држете #.
За да го поставите јазикот за пишување, изберете Опции > Јазик за пишување.
Традиционално внесување текст
Притискајте нумеричко копче, 2-9, повеќепати додека да се појави саканиот знак.
Достапните знаци зависат од избраниот јазик на пишување.
Ако следната сакана буква е лоцирана на истото копче како тековното, почекајте
додека да се појави курсорот и внесете ја буквата.
За пристап до најчестите знаци на интерпункција и посебни знаци, притиснете 1
повеќепати. За пристап до листата со посебни знаци, притиснете *.
Предвидливо внесување текст
Предвидливото внесување на текст е базирано на вграден речник на кој исто така
можете да му додавате нови зборови.