Nokia 5130 XpressMusic - Предвидливо внесување текст

background image

Пишување текст

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

15

background image

1. Почнете да пишувате збор, користејќи ги копчињата 2 до 9. Притиснете го секое

копче само еднаш за една буква.

2. За да потврдите збор, движете надесно или додадете празно место.

● Ако зборот не е точен, притискајте * и изберете го зборот од листата.
● Ако после зборот е прикажан знакот ?, зборот кој сте имале намера да го

напишете не постои во речникот. За да го додадете зборот во речникот,

изберете Спелувај. Внесете го зборот користејќи традиционално внесување

на текст и изберете Зачувај.

● За да напишете сложени зборови, внесете го првиот дел од зборот и движете

надесно за да го потврдите. Напишете го последниот дел од зборот и

потврдете го зборот.

3. Почнете да го пишувате следниот збор.

5. Движење низ менијата

Телефонските функции се групирани во менија. Тука не се опишани сите мени

функции или ставки од опциите.
Во режимот на чекање, изберете Мени и саканото мени и подмени. Изберете

Излез или Назад за да излезете од тековното ниво на мени. Притиснете го копчето

за крај за директно да се вратите во режимот на чекање. За да го смените изгледот

на менито, изберете Мени > Опции > Изг. на гла.мени.

6. Праќање пораки

Креирајте и примајте пораки, како што се текстуални и мултимедијални пораки.

Услугите за праќање пораки може да се користат само ако вашата мрежа или

добавувачот на услуги ги поддржуваат.

Текстуални и мултимедијални пораки

Можете да креирате порака и по избор да приложите, на пример, слика. Кога е

приложена датотека, вашиот телефон автоматски ја менува текстуалната во

мултимедијална порака.

Текстуални пораки

Вашиот уред поддржува текстуални пораки над ограничувањето за една порака.

Подолгите пораки се испраќаат како две или повеќе пораки. Вашиот обезбедувач

на услуги може да изврши наплата соодветно. Карактерите со акценти или други

знаци, и карактерите од некои јазични опции, заземаат повеќе простор, и го

ограничуваат бројот на карактери кои може да бидат испратени во една порака.
Индикатор на врвот од екранот го покажува вкупниот број на преостанати знаци

и бројот на пораки потребни за праќање.