
Поддршка на Nokia
Видете на www.nokia.com/support или на вашата локална веб-страница на Nokia
за најновата верзија на ова упатство, за дополнителни информации, превземања
и услуги во врска со вашиот производ Nokia.
Услуга за конфигурациски поставки
Превземете бесплатни конфигурациски поставки како што се MMS, GPRS, е-пошта
и други услуги за вашиот модел на телефон на www.nokia.com/support.
Сервиси на Nokia Care
Ако треба да контактирате со сервисите на Nokia Care, проверете го
списокот на локални контакт-центри на Nokia Care на
www.nokia.com/customerservice.
Одржување
За сервисите за одржување, проверете кај најблискиот претставник на Nokia Care
на www.nokia.com/repair.
2. За почеток
Инсталација на SIM-картичка и батерија
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните
батеријата.
SIM-картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, затоа бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1. Притиснете и лизгајте го задниот капак кон долната страна на телефонот и
извадете го (1).
2. Извадете ја батеријата (2).
3. Вметнете ја SIM-картичката во држачот со контактната површина свртена
надолу (3).
4. Вметнете ја батеријата (4) и вратете го задниот капак (5).