Nokia 5130 XpressMusic - Контакти

background image

Контакти

© 2008 Nokia. Сите права се задржани.

19

background image

Можете да снимате имиња и телефонски броеви во меморијата на телефонот и во

меморијата на SIM картичката. Во меморијата на телефонот можете да зачувате

контакти со броеви и текстуални ставки. Имиња и броеви снимени во меморијата

на SIM картичката, се означени со

.

За да додадете контакт, изберете Имиња > Опции > Додај нов контакт. За да

додадете детали на контакт, уверете се дека меморијата во употреба е Телефон

или Телефон и SIM. Изберете Имиња, дојдете до името и изберете Детали >

Опции > Додај детал.
За да барате контакт, изберете Имиња и движете се низ листата со контакти или

внесете ги првите букви од името.
За да копирате контакт помеѓу телефонската меморија и меморијата на SIM

картичката, изберете Имиња, дојдете до контактот и изберете Опции > Копирај

контакт. Во меморијата на SIM картичката можете да зачувате само еден

телефонски број за секое име.
За да изберете SIM картичка или телефонска меморија за вашите контакти, за да

изберете како се прикажани имињата и броевите во контакти и за да го видите

мемориски капацитет за контакти, изберете Прилагодувања.
Може да праќате и примате контакт информации за личност како визит-карта од

компатибилен уред кој го поддржува стандардот vCard. За да пратите визит-карта,

изберете Имиња, побарајте го контактот чии информации сакате да ги пратите и

изберете Детали > Опции > Исп. биз. картичка.

8. Дневник на повици

За да видите информации за вашите повици, пораки, податоци и синхронизација,

изберете Мени > Дневник и од достапните опции.

Забелешка: Актуелната сметка за повиците и услугите од Вашиот оператор

може да се разликува, во зависност од својствата на мрежата, заокружувањето на

сметката, даноците итн.

9. Поставки

Профили

Вашиот телефон има различни групи на поставки наречени профили, кои можете

да ги прилагодувате со тонови на ѕвонење за различни настани и околини.
Изберете Мени > Прилагодувања > Профили, саканиот профил и од следниве

опции:
Активирај — за да го активирате избраниот профил

Персонализирај — за да ги смените поставките за профилот