Апликации кои се извршуваат во позадина
Оставањето апликациите да работат во позадина ја зголемува потребата за
енергија од батеријата и го намалува животниот век на батеријата.
3. Повици
Упатување и одговор на повик
За да направите повик, внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го кодот на
земјата и повикувачкиот број ако е неопходно, и притиснете го копчето за повик.
За да ја прилагодите јачината на звукот на слушалката во текот на повикот,
притиснете ги копчињата за јачина на звукот.
За да одговорите на дојдовен повик, притиснете го копчето за повик. За да го
отфрлите повикот без да одговорите, притиснете го копчето за крај.
Звучник
Доколку е достапно, можете да изберете Звуч. или Слушал. за да го користите
звучникот или слушалката од телефонот за време на повик.
Предупредување: Не држете го уредот блиску до Вашето уво кога
звучникот е во употреба, бидејќи јачината на звукот може да е исклучително
висока.