
© 2008 Nokia. Сите права се задржани.
32

Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба
грижливо да се однесувате. Следниве сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите
важечката гаранција.
● Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага
може да содржат минерали што ќе ги кородираат електронските кола. Ако
Вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете уредот
целосно да се исуши пред да ја смените.
● Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на било кои леќи, како што се
камерата, сензорот за близина и леќите на светлосниот сензор.
● Не го користете или чувајте уредот во прашливи, нечисти места. Неговите
подвижни делови и електронски компоненти може да се оштетат.